Ѕвездата на Барселона, Осман Дембеше не е задоволен со својот статус во клубот и размислува да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.
21-годишниот Французин наводно се заканил дека ќе го напушти клубот доколку не добива поголема минутажа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дембеле не беше во стартниот тим на последните неколку меча, а синоќа воопшто не влезе во игра против Интер во Лигата на шампиони. И покрај фактот што Меси беше повреден, Французинот сепак не доби шанса.
Поради тоа се појавија шпекулации за негово замиување на „Камп Ноу“. Дембеле во 2017 година пристигна во Барса за тогаш рекордни 105 милиони евра, а оваа сезона одигра 11 натпревари во сите натпреварувања и постигна пет погодоци.