ДЕЛИЈЕ, навивачите на Црвена звезда, пред домашниот натпревар од второто коло од групата на Лигата на шампионите против Јанг Бојс (2:2) изведоа кореографија за која зборува светот.
Додека источната и западната трибина на стадионот Рајко Митиќ беа обоени во црвено-бело, Делије, пред 50.000 гледачи на Макарана, преку својата северна трибина, разви кореографија што ја претставува познатата слика на Винсент Ван Гог од 1899 година наречена „Ѕвездена ноќ“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Фановите на Звезда одлично го ископираа ремек-делото на еден од најголемите сликари користејќи 50 илјади најлони. Под нивната кореографија, тие поставија транспарент: „Ова е ноќ на смелите, ова е ноќ на храбрите!“
— DELIJE SEVER (@DELIJEDelije_) October 4, 2023

