Дома Фудбал Репрезентации Девојчето со транспарент посветен на Салах доби одговор лично од фудбалерот (ФОТО)

Девојчето со транспарент посветен на Салах доби одговор лично од фудбалерот (ФОТО)

salah

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах одново покажа зошто толку многу го ценат во Египет и го споредуваат со вистинско божество.

Салах во 90-тата минута вчера постигна гол против Тунис за победа од 3:2, а во текот на натпреварот беше виден и еден интересен трнаспарент кој беше во рацете на едно девојче.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, со транспарентот таа побара од Салах да го реши побрзо натпреварот поради тоа што има домашна задача.

Ѕвездата на Ливерпул сепак натпреварот го одлучи во последната минута, па после натпреварот испрати извинување до девојчето.

„Навистина се обидував да те „испратам дома“ порано, жал ми е што те задржав до крајот на натпреварот. Се надевам дека твојот наставник ќе ја разбере ситуацијата“, гласеше одговорот на Салах.

salah

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…