Дома Фудбал Дебитираше за Шпанија, сега се „покаја“ и сака репрезентативен трансфер

Дебитираше за Шпанија, сега се „покаја“ и сака репрезентативен трансфер

munir

Иако како тинејџер дебитираше за Шпанија пред четири години, младиот напаѓач сега сака да ги брани боите на земјата на неговите родители.

Ќе биде тоа тешко остварливо, но Ел Хадади и Фудбалскиот сојуз на Мароко тргнаа во акција и ќе се обидат да издејствуваат трансфер.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според правилникот на ФИФА играчот не може да настапува за друга репрезентација ако пред тоа одиграл и една минута за друга селекција.

Мунир Ел Хадади во текот на квалификациите за Европското првенство 2016 година одигра еден натпревар за Шпанија (во игра влезе на местото на Коке).

Тој е роден во Шпанија, но бидејќи неговите родители се Мароканци можеше да бира за која репрезентација ќе настапува.

Тогаш ја избра Шпанија, сега го промени мислењето. Ел Хадади оваа сезона игра за Депортиво Алавес како позајмен фудбалер од Барселона, а минатиот викенд беше херој во победата над Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Матераци со повик до Зидан: Поминаа толку многу години…

Марко Матераци за многумина ќе остане запаметен како еден од најдобрите стопери на сите вр…