Дома Фудбал Дебакл на Англија на последната проверка пред ЕП. Германија едвај победи

Дебакл на Англија на последната проверка пред ЕП. Германија едвај победи

Репрезентацијата на Англија, првиот фаворит на ЕП според букмејкерите, сензационално загуби од Исланд со 1:0 на генералната проба пред 90.000 навивачи на Вембли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Избраниците на Герет Саутгејт одиграа многу слаб натпревар, а победија Исланѓаните со голот на Џон Дагур Торштајнсон по одличната акција во 12. минута од натпреварот.

Исланѓаните одиграа одлично, додека Англија се мачеше, а на крајот од мечот Вембли со свирежи ги испрати на Европското првенство.

Англија на ЕП ќе игра во група со Словенија, Србија и Данска, а Исланд од кој загуби ја исфрли од Европското првенство во 2016 година.

Германците против Грција поминаа нешто подобро, но и тие се мачеа. Грците поведоа во 34. минута преку Георгиос Масурас, а Германија направи пресврт дури во вториот дел. Каи Хаверц израмни во 56. минута, а на Германците победата пред ЕП на минута пред крајот им ја донесе Паскал Грос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено зошто Меси плачеше на натпреварот

Лионел Меси го постигна својот прв хет-трик на Светските првенства во својата 38. година в…