Aко минатата сезона беше одлична за италијанските тимови во Лигата на шампионите, сезонава ниту еден клуб од Серија А не успеа да го помине осминафиналето.
Во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување минатата година, Италија имаше дури три претставници, а Интер и Милан играа во полуфиналето. „Нероаѕурите“ стигнаа и до финалето каде што беа поразени од Манчестер Сиити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, сезонава Италијанците доживеаа вистински дебакл бидејќи во четвртфиналето немаат ниту еден претставник.
Милан натпреварувањето го заврши уште во групната фаза, додека Интер, Наполи и Лацио својот настап го завршија во осминафиналето. Интер вчера беше елиминиран од Атлетико Мадрид на пенали, Наполи еден ден претходно изгуби од Барселона, додека минатата недела Баерн славеше против Лацио.