Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеаа тежо пораз изминатата ноќ во НБА лигата.
Леброн и друштвото беа поразени со дури 42 поени разлика од тимот на Индијана!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Индијана ги победи со 136:94 во турбулентен период во кој не знаат кој ќе остане во тимот до крајот на трејд-рокот ако Лејкерси тргнат со сите сили тргнат по Ентони Дејвис иако шансите се мали.
Пјесерси имаа предност во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја завршија со +7, додека на полувреме заминаа со +23. Од тој момент разликата само се зголемуваше.
Леброн Џејмс последната четвртина ја преседе на клупата за резерви, а Индијана во еден момент имаше и 46 поени предност. За Џејмс ова беше најтешкиот пораз во неговата кариера. Претходно два пати губеше со по 36 поени разлика, од Вашингтон и Сан Антонио.
Најефикасен во тимот на Индијана беше Богдановиќ со 24 поени, пет асистенции и еден скок. Тарнер беше зад него со 22 поени. Во редовите на Лејкерси Леброн го заврши натпреварот со учинок од 18 поени, девет асистенции и седум скокови.
https://youtu.be/5O8RNQ_JEM0
НБА резултати:
Шарлот – ЛА Клиперс 115:117
Кливленд – Бостон 96:103
Индијана – ЛА Лејкерс 136:94
Њујорк Никси – Детроит 92.105
Мемфис – Минесота 108:106
Оклахома – Орландо 132:122
Филаделфија – Торонто 107:119
Портланд – Мајами 108:118