Дома Фудбал Двете ѕвезди на Милан повредени ја напуштија репрезентацијата!

Двете ѕвезди на Милан повредени ја напуштија репрезентацијата!

Тројца фудбалери денес го напуштија кампот на италијанската репрезентација на Италија поради повреда и нема да играат на престојните натпревари против Украина и Полска.

Станува збор за двете ѕвезди на Милан, Алесио Ромањоли и Патрик Кутроне, како и дефанзивецот на Интер, Данило Дамброзио. Повредите на тројцата фудбалери не се сериозни, но се испратени да се рехабилитираат во своите клубови.

На местото на Ромањоли и Дамброзио, селекторот Манчини ги повика Лоренцо Тонели од Сампдорија и Кристиано Пичини од Валенсија.

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле исто така има повреда на раката, но ќе биде спремен за мечот со Украина во среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трент не планира камбек на „Енфилд“: Ќе се бори за место во Реал

Александер-Арнолд е во втор план кај Мурињо, но засега не размислува за враќање во Ливерпу…