Заниоло не направи трансфер во јануарскиот преоден рок, па остана надвор од тимот во Рома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа, преодниот рок во Турција се уште е отворен, па тамошните гиганти Галатасарај и Фенербахче се заинтересирани за Италијанецот.
Заниоло се обиде да ја примора Рома на трансфер во јануарскиот преоден рок во Милан или Тотенхем, но двата клуба го сакаа само на позајмица со опција за купување.
Бидејќи договорот на италијанскиот репрезентативец трае до јуни 2024, Рома е подготвена само за постојан трансфер.
Фенербахче и Галатасарај го сакаат Италијанецот, но ќе мора да ги исполнат условите на Рома и да испратат понуда за перманентен трансфер.