Дома Фудбал Два важни потписи на „Џузепе Меаца“

Два важни потписи на „Џузепе Меаца“

Раководството на Интер постигна начелни договори за продолжување на соработката со Чалханоглу и Дармијан, пренесуваат италијанските медиуми.

Турскиот плејмејкер одлично се вклопи во тимот на „нероаѕурите“ и е еден од најважните играчи во формацијата на Инзаги.

Чалханоглу кога пристигна потпиша 3-годишен договор, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Интер сака долгорочно да го задржи во своите редови, па започна преговори за продолжување на соработката.

Постигнат е договор за продолжување на соработката и со 33-годишниот Дармијан, па се очекува наскоро да бидат официјалиираи двата потписи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…