Интересна сцена се случи вчера во натпреварот од Лига Купот помеѓу Тотенхем и Челзи.
Фудбалерот на Спарси, Ерик Дајер на сред натпревар истрча до тоалет. Тотенхем повеќе немаше измени, па „петлите“ останаа со играч помалку на теренот. Мурињо кога го забележа Дајер веднаш тргна по него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Морав да отидам. Веројатно тоа е нормално кога си целосно дехидриран. Знаев дека мора да оди во тоалет, но сакав да му направам притисок побрзо да се врати“, изјави Мурињо.
Ерик Дајер на крајот се пошегува и наградата за играч на натпреварот ја остави во тоалетот.