Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го направи само неколку дена по излегувањето од затвор.
Имено, Алвеш со кауција од еден милион евра беше пуштен да се брани од слобода откако претходно беше осуден на 4.5 годишна затворска казна. Алвеш поднесе жалба која судот со кауција му ја прифати.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега шпанската јавност е згрозена од неговото однесување по излегувањето oд затворот. Медумите пренесуваат дека Алвеш организирал голема забава во неговиот дом која траела до раните утрински часови.
Се појави информација дека забавата била по повод роденденот на неговиот татко, меѓутоа веројатно такво нешто не му беше потребно по сето она што му се случуваше во изминатите 14 месеци.
Ќе потсетиме, кауцијата од еден милион евра за негова слобода бидејќи неговите сметки се блокирани ја платил поранешниот соиграч од Барселона, Мемфис Депај.