Лион успеа да се пласира во нокаут фазата во Лигата на шампиони, но во француското првенство не игра баш најдобро оваа сезона.
Поради тоа францускиот клуб сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а медумите пренесуваат дека можно е да пристигнат трите засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На списокот на Лион се наоѓаат тројца фрацуски фудбалери. Крилото на Атлетико Тома Лемар, Стивен Нзонзи и Лукас Дињ.
Лемар би требало да биде наскапото засилување и да го замени Депај, кој порадуи повреда ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.
Нзонзи е најлесна мета бидејќи игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од Рома и е спремен да се врати во својата татковина.
Најтежок трансфер за реализација е сигурно тој на левиот бек Лукас Дињ кој игра стандардно во Евертон, па доколку Анчелоти дојде на клупата сигурно нема да сака да го пушти да замине.