Дома Топ вести Дали Јувентус погреши? – Минатото лето одбија „монструозна“ понуда, а сега тој е непрепознатлив!

Дали Јувентус погреши? – Минатото лето одбија „монструозна“ понуда, а сега тој е непрепознатлив!

sandro

Изгледа дека во текот на летото погрешија што не ја прифатија понудата…

Алекс Сандро е непрепознатлив оваа сезона. Имено, левиот бек на Јувентус игра навистина очајно и навивачите сметаат дека Асамоа во овој момент е подобро решение и дека можеби „старата дама“ треба да размислува за негова продажба.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, тешко дека сега можат да го добијат она што го одбија минатото лето, а тоа се 70 милиони евра од Челзи.

Наводно, тогаш Бразилецот веќе постигнал договор со „сините“ за плата од шест милиони евра по сезона, но Јуве го стопирал трансферот и му вети на Сандро дека ќе добие нов договор.

Од тоа во овој момент нема ништо, формата на Сандро е таква што тој е непрепознатлив и изгледа дека целосно ја изгуби самодовербата.

Секако, Јуве нема да го пушти во јануари. Кога во прашање се заинтересираните тука е Мурињо и Манчестер Јунајтед, додека Јувентус наводно замена за Сандро гледа во Спинацола кој би се вратил на позајмица од Аталната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…