Во јануарскиот преоден рок се очекува тимот на Челзи да претрпи одредени промени.
Еден од оние фудбалери кои се наоѓа пред заминување е Сеск Фабрегас. Договорот на Шпанецот истекува на лето и зимскиот преоден рок ќе биде последна шанса за „сините“ да заработат на неговиот трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голем интерес за Фабрегас покажа Милан кој е спремен да понуди четири милиони фунти за потписот на Шпанецот, додека од Челзи бараат двојно повеќе.
Сепак, во меѓувреме „падна“ потписот за кој многумина сметаат дека би можел да биде клучен во целата операција бидејќи Фабрегас потпиша договор на четири години со произведувачот на спортска опрема „Пума“.
Овој спортски бренд е спонзор и на Милан и италијанските медиуми тврдат дека „Пума“ е спремна да помогне овој трансфер да се реализира.
Договорот на Фабрегас со „Пума“ е потпишан на четири години.
So happy to sign a new 4 year deal with @pumafootball. They have always made me feel like part of the family and delighted that we are continuing are relationship together. ?⚽ pic.twitter.com/E6zmCJN0iv
— Cesc Fàbregas Soler (@cesc4official) December 18, 2018