Дома Фудбал Дали обложувалниците нешто знаат? – Ова е коефициентот за Зидан да го напушти Мадрид!

Дали обложувалниците нешто знаат? – Ова е коефициентот за Зидан да го напушти Мадрид!

Статусот на обложувалниците за тренерот кој е под притисок дека би можел да ја загуби работата често пати е прецизен индикатор за тоа дали ќе добијат отказ.

Судијќи според англиските обложувалници Зинедин Зидан наскоро би заработил отказ во Реал Мадрид.

Актуелниот шампион на Шпанија веќе некое време е далеку од одбрана на титулата, а дебаклот од Барселонана домашен терен која е лидер со огромна предност само ги зголеми шансите на Французинот наскоро да му биде покажана „излезната врата“.

Според обложувалниците во Англија коефициентот за Зидан да биде отпуштен изнесува само 1.50.

Обложувалниците се убедени дека Зидан нема да се задржи уште долго и дека најдоцна до натпреварот со ПСЖ Реал ќе има нов предводник.

Отказот на Зидан би бил само потврда за суровоста на фудбалот. Зад Зидан е фантастична година во која освои повеќе трофеи, но сепак лошиот старт најверојатно скапо ќе го плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мерсон го вклучи алармот: За Ливерпул нема титула без победа над Арсенал

Пол Мерсон смета дека неделното дерби на „Енфилд“ е клучен тест за шампионските амбиции на…