Дома Фудбал Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Дали Наполи ги провоцираше Интер и Аталанта?

Во дербито на 22. коло во Серија А, Аталанта и Интер вчера ремизираа 0:0.

После мечот на друштвените мрежи се појави честитка од Наполи до вчерашните ривали.

„Им честитаме на Аталанта и Интер на возбудливиот и напнат натпревар“, стои на официјалниот профил на Наполи.

Ова предизвика многу коментари, некои сметаа дека тимот од југот на Италија ги „провоцира“ Аталанта и Интер со оглед на тоа дека вчерашното реми оди во прилог на Наполи. Од друга страна дел сметаа дека станува збор за искрена честитка.

Аталанта е третопласирана со бод помалку од Наполи и сега од лидерот Интер заостанува седум бодови. Наполи својот натпревар го игра вечерва против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…