Жозе Мурињо пред неколку дена јавно побара од клубот да му биде доведен напаѓач и тоа веројатно ќе се случи.
Против Евертон видовме еден безидејен Тотенхем, посебно во второто полувреме кога „петлите“ го „бркаа“ водството на Евертон. Изгледаше како Анчелоти подобро да ги вклопил засилувањата, јасно е дека Италијанецот ги доби своите желби, додека со Леви „петлите“ немаат лесни преговори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јасно е дека на Тотенхем му е потребен нов напаѓач кој ќе биде конкуренција на Хари Кејн. Изгледа дека тоа ќе биде Александер Сорлот.
Мурињо во интервјуто после натпреварот ја коментираше изјавата на претседателот на Трабзон кој изјави дека двата клуба одржале преговори околу трансферот на Норвежанецот.
„Не сакам да зборувам за играч кој му припаѓа на Трабзон, но ако претседателот на клубот кажал така тогаш јас сигурно нема да кажам дека тоа не е вистина“, изјави „специјалниот“.
Сорлот според „трансфермаркт“ двојно ја зголеми својата цена и Турците сакаат повеќе од 30 милони евра. Во турската Суперлига тој забележа 24 голови на 34 натпревари.