Италијанските медиуми денес многу внимание посветуват на потенцијалниот трансфер на Един Џеко во Јувентус.
На Апенините и денес главна тема е трансферот на Џеко во Јувентус, според информациите се чека само уште Милик кој денес не се појавил на тренингот на Наполи да премине на Рома и Џеко да го облече црно-белиот дрес (повеќе за ова тука).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот новинар Марко Сконкрети денес зборуваше за местото кое Џеко би требало да го има во Јувентус.
„Кристијано и Един ќе бидат првиот напаѓачки тандем што заедно ќе има 70 години. Дали е проблем тоа? Тоа е нешто што не беше реално пред неколу години. Денес сме во фаза на транзиција во која е јасно дека играчкиот век е продолжен и не знаеме на колку долго“.
„И ова не значи дека Јувентус ќе има многу стар тим. Тие го имаат најмладиот среден ред во Италија со МекКени, Бентакур и Кулушевски. Тука е Де Лихт со 20 години, Дибала има 27, Бернардески 26…Според мене квалитетот е многу поважен од годините, а Џеко е посебен центарфор. Не постигнува премногу голови, во последните 11 сезони само еднаш постигна повеќе од 20 додека три пати беше под 10. Меѓутоа тој е центарфор кој многу работи за тимот, денес таквите се ретки. Џеко е тип на Бензема и е идеален за Роналдо“, смета Сконкрети.