Дома Топ вести Дали Бејл веќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид?

Дали Бејл веќе го одигра последниот натпревар за Реал Мадрид?

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се кае што не ја прифати понудата на Јунајтед за Герет Бејл во летниот преоден рок. Велшанецот е постојано повреден и неговата цена од ден на ден се повеќе паѓа.

Реал веќе донесе одлука да го продаде Герет Бејл, но моментално неговата цена е „само“ 85 милиони евра, а „кралевите“ стравуваат дека до лето таа додатно ќе падне. Велшанецот од доаѓањето во Шпанија доживеа 19 повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед и понатаму не се откажува од Бејл. На лето „Олд Трафорд“ ќе го напуштат Мата, Ерера, Блинд и најверојатно Фелаини, па сигурно ќе има големи промени кај „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа Мурињо не е сега толку убеден во Бејл, поради честите повреди, па сигурно нема да понуди иста сума колку и минатато лето.

Реал со продавањето на Бејл ќе отвори простор за доведување на нов врвен фудбалер. „Марка“ тврди дека „кралевите“ спремиле 200 милиони евра и дека на списокот има само двајца фудбалери – Хари Кејн и Нејмар.

Сега веќе е јасно дека Велшанецот ги поминува последните месеци во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…