Дома Топ вести Даклан Рајс се поблиску до Манчестер Сити

Даклан Рајс се поблиску до Манчестер Сити

Манчестер Сити води во трката за потписот на англискиот репрезентативец Даклан Рајс, пренесуваат медиумите на Островот.

Рајс беше голема желба на Арсенал и „топџиите“ веќе подолго време преговараа за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест Хем пред неколку дена ја одби понудата на Арсенал од 90 милиони фунти, па во трката за потписот се приклучи Манчестер Сити.

Сити сака да го доведе англискиот репрезентативец како замена за Илкај Гундоган кој избра кариерата да ја продолжи во Барселона. 

„Граѓаните“ сега се во напредни преговори со Вест Хем и се спремни да ја платат сумата од 100 милиони фунти колку што бараат „чеканите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …