Повеќе нема дилеми – Давид Луиз во фото-финиш потпишува за Арсенал!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лондонските ривали се договориле околу оштетата за 32 годишниот Бразилец. Арсенал на Челзи ќе му плати сума од околу осум милиони фунти. Таа сума е многу помала од онаа која Челзи ја плати за Луиз на ПСЖ (34 милиони фунти).
Откако утрово беше најавен овој трансфер сега Луиз пристигна на комплетирање и за истото остануваат уште нешто повеќе од еден час (до 18:00).
Интересно е што ова е трет пат Луизво кариерата да менува клуб во последниот ден од преодниот рок.
