Дома Фудбал Давид Луиз го „реши“ дербито помеѓу Сити и Арсенал (ВИДЕО)

Давид Луиз го „реши“ дербито помеѓу Сити и Арсенал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва на свој терен го победија Арсенал со 3:0 во заостанатиот натпревар од 28. коло во Премиер лигата.

Англиската Премиер лига конечно продолжи денес после три месеци пауза, а вечерва можевме да го гледаме дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.

За Арсенал работите тргнаа на лошо кога после 24 минути мораа да прават две измени. Прво се повреди Џака, а потоа и Мари. На местото на Мари влезе Давид Луиз и тоа се покажа како „клучно„ за натпреварот.

Луиз прво направи катастрофална грешка по која Стерлинг постигна гол во финишот од првото полувреме. Потоа на стартот од вториот дел го фаулираше Марез во шеснаесетникот и заработи црвен картон. За само 25 минути поминати на теренот беше виновник за два гола.

До крајот Сити во 92. минута постигна уште еден гол, конечните 3:0 ги постави Фоден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи со месеци, Флик го сака во Барса: Штутгарт бара 40 милиони за Јелч

Фин Јелч е на радарот на Интер и Барселона, но Штутгарт поставува висока цена. Миланскиот …