Дома Останати Кошарка Дабл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер, дебакл за Дончиќ и Далас

Дабл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер, дебакл за Дончиќ и Далас

Денвер на Никола Јокиќ на домашен терен против Шарлот со 111:93 стигна до 24-тата победа сезона во НБА лигата.

Натпреварот Јокиќ го заврши со дабл-дабл од 13 поени, 11 скокови и шест асистенции, но доби и повеќе одмор со оглед на тоа дека актуелниот шампион констатно имаше контрола над резултатот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најефикасни кај Денвер на оваа средба беа Џамал Мареј со 25 и Мајкл Портер со 22 поени. Во редовите на Шарлот се истакна Мајлс Бриџис со 26 поени, девет скока и пет асистенции.

Јута одигра фантастичен натпревар и убедливо славеше над Далас 127:90. Симоне Фонтекио во редовите на победничкиот тим постигна 24 поени, Џордан Кларксон стигна до „трипл-дабл“ со 20 поени, 11 асистенции и 10 скока. За него ова беше прв во најсилната кошаркарска лига.

Лука Дончиќ кај Далас беше најдобар со 19 поени, 14 асистенциии и шест скока, Харден уфрли 17, додавајќи пет тројки.

РЕЗУЛТАТИ: Торонто – Кливленд 124-121, Хјустон – Деторит 136-113, Милвоки – Индијана 113-122, Денвер – Шарлот 111-93, Феникс – Портланд 109-88, Јута – Далас 127-90, ЛА Клиперс – Мајами 121-104.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …