Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Грузиски милијардер ги награди фудбалерите со 10 милиони евра

Грузиски милијардер ги награди фудбалерите со 10 милиони евра

Основачот на грузиската владејачка партија, поранешен премиер и милијардер Бидзина Иванишвили, изјави дека ќе донира 30 милиони лари (десет милиони евра) на фудбалската репрезентација.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Грузија направи сензација на Европското првенство, ја победи Португалија и се пласира во осминафиналето.

Партијата Грузиски сон преку соопштение ја честиташе победата и откри дека милијардерот Иванишвили ветил дека ќе обезбеди пари за да се награди овој историски успех.

Иванишвили, кој има богатство од околу 4.5 милијарди евра, ветил дополнителни 10 милиони евра ако Грузија ја победи Шпанија во осминафиналето во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ФИФА го донесе „законот на Винисиус“: На СП ќе се покажуваат црвени картони за оваа работа

„Тајмс“ пишува дека ФИФА предложи, а ИФАБ на посебна седница во Ванкувер едногласно ја одо…