Дома Фудбал Англија Грилиш за критиките: Не е се во головите и асистенциите…

Грилиш за критиките: Не е се во головите и асистенциите…

Манчестер Сити во изминатото лето плати 100 милиони фунти за Џек Грилиш, а медиумите поради неговата лоша сезона постојано ги анализираат бројките.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Грилиш не е истиот играч од Астон Вила, а тој тврди дека него поважни му се тимските резултати отколку личните бројки.

„Нормално дека како офанзивен фудбалер посакувам да постигнувам повеќе голови и да асистирам, посебно мислам дека треба да имам повеќе асистенции. Сепак, не е се во головите и асистенции, учествував во важни победи сезонава и можам да кажам дека сум успешен во повеќе сегменти“.

„Соиграчите често пати ме прашуваат зошто не шутирам повеќе, очигледно треба да биде посебичен, но не сум таков фудбалер, попрво би асистирал за сигурен гол отколку да се обидувам сам да завршувам“, изјави Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…