Дома Фудбал Гризман: Со Меси имам проблем каков што имав со Мбапе

Гризман: Со Меси имам проблем каков што имав со Мбапе

Кога Антоан Гризман пристигна во Барселона се очекуваше да биде големо засилување за овој тим.

Гризман минатото лето беше платен 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. На 48 одиграни натпревари, постигна само 15 голови и додаде четири асистенции. Многу се пишува дека неговиот однос со Меси не е како што треба, сега Французинот зборуваше на оваа тема.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


„Мојата иднина е во Барселона и среќен сум тука. Имам доверба во новиот тренер и се чувствувам супер. Минатата сезона беше комплицирана за мене, но тука сум и сакам да се докажам“.

„Со Меси имам проблем, но тоа е истиот проблем кој го имам со Мбапе. Не успеавме веднаш да се пронајдеме на теренот и ни требаше време почнеме да соработуваме. Сепак, мислам дека набрзо ќе соработуваме многу полесно на теренот“, изјави Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра го донесе Македонецот Кировски во Милан

Поранешниот директор на ЛА Галакси, Јован Кировски ќе биде одговорен за академијата на Мил…