Дома Фудбал Останато Гризман откри каде сака да ја заврши кариерата – таму каде што никој не го познава!

Гризман откри каде сака да ја заврши кариерата – таму каде што никој не го познава!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид за реномираниот „ЕСПН“ откри каде би сакал да ја заврши својата кариера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гризман минатото лето беше блиску до трансфер во Барселона, но на крајот сепак Атлетико успеа да го убеди и Французинот потпиша нов договор со „јорганџиите“.

Сепак, тој кариерата сака да ја заврши на друго место – во МЛС лигата.

„Сакам да играм во МЛС. Навистина би сакал да ја завршам кариерата таму. Луѓето во Америка имаат навистина поинакво гледиште од останатите. Ја сакам НБА и шоуто кое владее таму, ми се допаѓа и НФЛ. Ја сакам цела земја, најмногу поради тоа што никој не ме препознава кога сум таму“, изјави освојувачот на Мундијалот со Франција.

Гризман има 27 години, а неговиот договор со Атлетико го врзува до 2023 година, па веројатно дури тогаш би можеле да очекуваме да го видиме на терените во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=xu9jqGiFnxw

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…