Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман не игра со радост во тимот. Ова го изјави Ерик Олатс, кој го доведе Французинот во Реал Сосиедад коха имаше 13 години.
Гризман минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување за 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе се појавија информации дека Барса на лето ќе го стави на продажба Французинот, а Олатс кој добро го познава тврди дека не е среќен.
„Кога замина од Атлетико бев тажен поради полемиката која се создаде. Разбирам зошто тој сакаше да потпише за Барселона. Тоа е еден од најголемите клубови, а неговите блиски го убедуваа дека многу ќе му одговара стилот на игра на Каталонците“.
„Се гледа дека тој има проблеми и дека нема радост додека игра. Ме боли тоа бидејќи знам за што се е способен. Тој ништо не зборува, но се гледа дека не е среќен. Очекувам да се подобри бидејќи има само 28 години“, истакна Олатс.
?️?️"Se ve que Griezmann tiene problemas, no tiene alegría"
— Edición Gipuzkoa MD (@Gipuzkoa_MD) March 25, 2020
? Eric Olhats, su descubridor, habla con crudeza del crack galo #RealSociedad #Barça https://t.co/c5uOklBAp2 pic.twitter.com/behct3wbes