Дома Топ вести Гризман би можел во Арсенал, Венгер има голем „АДУТ“ во своите редови!

Гризман би можел во Арсенал, Венгер има голем „АДУТ“ во своите редови!

lacasete

Доколку планот на францускиот напаѓач успее, заминувањето на Алексис Санчез веројатно ќе биде неутрализирано.

Британскиот магазин „Match of the Day“ пренесува вест дека Александар Лаказет го убедува својот најдобар пријател, Антоан Гризман да му се придружи во Арсенал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ние сме најдобри пријатели. Ја го викам Гризи, а он мене Лаказ. Ми вети дека наредното лето ќе ме посети во Лондон, a кога ќе дојде ќе се обидам да го убедам да направи трансфер во Арсенал“, изјави напаѓачот на „Топџиите“ кој ова лето пристигна на „Емирати“ за сума од 52 милиони фунти.

Гризман најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сепак на крајот тој остана во Мадрид.

Како што стојат работите, Арсенал наскоро ќе остане без Алексис Санчез, договорот на Чилеанецот истекува наредното лето, а тешко дека Арсенал може да пронајде подобра замена за Санчез од Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…