Дома Фудбал Гризман: Барселона со години беше во нокаут фазата, но сега се променија многу работи

Гризман: Барселона со години беше во нокаут фазата, но сега се променија многу работи

Францускиот напаѓач Антоан Гризман го коментираше испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите.

Со поразот од Баерн шпанскиот клуб после долги години Лигата на шампионите ја заврши во групната фаза и ќе продолжи во Лигата на Европа.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Неверојатно. Барселона со години наназад беше дел од нокаут фазата. Многу работи се променија, Меси замина, а тој беше од клучна важност за Барселона. Потоа дојде и до промена на тренерот. Навивачите и сите во клубот мораат да бидат трпеливи и да веруваат во луѓето со кои работат“, изјави Гризман.

Ќе потсетиме, Гризман во изминатите две сезони настапуваше во Барселона, а во овој преоден рок се врати во Атлетико Мадрид каде што претходно настапуваше. Во Атлетико Гризман е на позајмица и „јорганџиите“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра. Оваа сезона Французинот одигра 20 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола и додаде две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…