Дома Трансфер зона Грешките некогаш скапо се плаќаат: Пред три години го пуштија за 1.5 милион евра сега го купија за 20!

Грешките некогаш скапо се плаќаат: Пред три години го пуштија за 1.5 милион евра сега го купија за 20!

И најдобрата зделка во историјата на Еспањол.

Човечки е да се греши, но и чесно е да се признае грешката. Колку и таа да е скап…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Виљареал немаа проблем денес да ја признаат најголемата грешка во историјата на клубот која и „дебело“ ја платија. Клубот од „Мадригал“ плати голема сума за грешката направена пред три години.

„Жолтата подморница“ денес и официјално го потврди трансферот на Жерар Морено од Еспањол за сума од 20 милиони евра, што е најскапиот трансфер во историјата на клубот.

Поточно рекордот е изедначен после само пет дена. Неодамна за 20 милиони евра беше купен Карло Токо Екамби.

Морено се враќа во Виљареал откако експлодираше во Еспањол каде што мина три години. Овој фудбалер во сениорскиот фудбал дебитираше токму во Виљареал, играше за Ц тимот, па за Б и на крајот стигна и до првиот тим.

За првиот тим на Виљареал одигра 53 натпревари и постигна 19 погодоци, а пред три години неговата половина од договорот Виљареал ја продаде на Еспањол за само 1.5 милион евра, а сега ја вратија за скоро 20 пати повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…