Дома Трансфер зона Грацијано Пеле се врати во Серија А!

Грацијано Пеле се врати во Серија А!

Иако преодниот рок заврши пред неколку дена, Парма денес доведе одлично засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дресот на Парма ќе го носи искусниот италијански напаѓач, Грацијано Пеле. Пеле како слободен играч доаѓа во Парма откако му истече договорот со кинескиот Шандонг и потпиша договор до крајот на сезоната. Ќе се види дали ќе се покаже во овие месеци, па потоа би можело да се разговара и за некоја долгорочна соработка.

За Пеле ова е враќање во Парма каде што играше година ипол од летото 2011 до јануари 2012 година. Тогаш дојде како талентиран голгетер од АЗ Алкмар за 1.5 милион евра, но не остави добар впечаток за тоа што на 14 натпревари постигна само два гола.

Ќе видиме како ќе помине овој негов втор мандат во кој доаѓа како далеку поискусен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…