Јувентус и Торино вчера го одиграа големото градско дерби во кое славеше „старата дама“ со резултат 4:0, но на овој натпревар во финишот на средбата се случила вистинска трагедија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, еден навивач на актуелниот шампион на Италија не го дочекал крајот на средбата и славјето на својот тим, починал непосредно пред завршувањето на средбата.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, последниот гол кој беше дело на Паоло Дибала бил „кобен“ за навивачот кој починал во текот на славјето, докторите на стадионот брзо реагирале и го пренеле во најблиската болница, но за голема жал, фанот на италијанскиот клуб починал на патот кон болницата.