Робин Госенс игра одлично во Аталанта и се очекува ова лето да ја промени средината.
Поради настапите кои ги прикажува Госенс е на радарот на клубови како Интер, Атлетико, Сити, Јувентус, Реал Мадрид…Меѓутоа тој би можел да донесе изненадувачка одлука за продолжување на неговата кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека Госенс преговара со тимот на Лестер. Аталанта за неговите услуги бара сума од 25 милиони евра и тоа за „лисиците“ не е проблем, па затоа преостанува договор помеѓу Госенс и Лестер.
Иако Лестер е во добра позиција да се избори за место во Лигата на шампионите затоа што е трет во Премиер лигата, сепак доколку се случи да го избере овој тим тоа сигурно би било изненадување.