Дома Трансфер зона Го напушта Манчестер Сити, но не и Премиер лигата – три клуба во трка за потписот на Туре

Го напушта Манчестер Сити, но не и Премиер лигата – три клуба во трка за потписот на Туре

Јаја Туре заминува од Манчестер Сити, но би можел да остане во Премиер лигата.

Од Островот пристигнуваат нови информации за иднината на играчот за врска на Манчестер Сити, Јаја Туре.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неодамна тој потврди дека ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Сити, но тоа не значи дека не би можеле и наредната сезона да го гледаме во Премиер лигата.

Според последните информации за потписот на Туре сериозно се заинтересирани, Евертон, Барнли и новајлијата во Премиер лигата за наредната сезона Вулверхемптон кој оваа сезона заврши како првопласиран во Чемпионшип.

Tуре во редовите на Манчестер Сити настапува веќе осум години, пристигна во 2010 година од Барселона. Претходно го носеше дресот уште на Монако, Олимпијакос, Меалург Доњеск и Беверен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Меси во Интер Мајами му се придружува уште едно големо име?

Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во М…