Дома Трансфер зона Го купија половина милион, а ќе го продадат за најмалку 40 милиони!

Го купија половина милион, а ќе го продадат за најмалку 40 милиони!

Фудбалерот на Виљареал, Самуел Чуквуезе синоќа против Барселона уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност.

19-годишниот Чуквуезе постигна еден гол и запиша една асистенција против Барселона. Со својата брзина и техника ги „излудуваше“ дефанзивците на каталонскиот гигант.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Виљареал го доведе Чакваесе уште кога имаше 17 години за 500.000 евра. После само шест месеци му понудија договор со откупна клаузула од 40 милиони евра.

Со оглед на фактот дека Чуквуезе брзо се развива во нова ѕвезда на Примера, челниците на „жолтата подморница“ му понудија нов договор со уште повисока клаузула.

https://youtu.be/gT4aG1tAAJM

Станува збор за млад крилен напаѓач кој е роден во Нигерија и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неодамна дебитираше за сениорската репрезентација на Нигерија, а оваа сезона во Примера постигна 4 гола и 2 асистенции на 19 меча.

Фудбалските експерти му предвидуваат блескава иднина, а со оглед на големиот интерес од големите клубови, тешко дека Виљареал ќе може уште долго да го задржи во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…