Дома Трансфер зона Го бараше половина Европа, а сега ја грее клупата: Вајгл се сели во Италија

Го бараше половина Европа, а сега ја грее клупата: Вајгл се сели во Италија

Јулијан Вајгл во 2015 година пристигна во Борусија Дортмунд и веднаш стана незаменлив дел од тимот на „милионерите“.

23-годишниот играч за врска одигра фантастични две сезони во Дортмунд, заработи повик во германската репрезентација, а европските гиганти се „тепаа“ за неговиот потпис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вајгл ова лето беше мета на Пари Сент Жермен, Манчестер Сити и Реал Мадрид, но остана во Борусија Дортмунд, каде сега ја грее клупата.

Имено, играчот воопшто не е во плановите на новиот тренер Лусијан Фавре, па сериозно размислува да ја промени средината во јануари.

„Кикер“ пренесува дека неговата иднина најверојатно ќе биде во Италија, каде силен интерес за него покажуваат Милан и Рома.

Сепак, приоритет на „росонерите“ за таа позиција е Фабрегас, па „волчицата“ е фаворит за неговиот потпис, која сака да го донесе на позајмица со право на откуп.

Вајгл не сака повеќе да ја грее клупата во Дортмунд и сака да се пресели во тим каде ќе има поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …