Бразилецот Артур пред неколку години пристигна во Јувентус од Барселона во размена со Миралем Пјаниќ, пристигна со големи очекувања, но никогаш не ги исполни.
Минатата сезона, Артур ја мина како позајмен фудбалер во Ливерпул каде што скоро и да не играше и во најголем дел од сезоната беше повреден. Поради таквата ситуација, Јирген Клоп очекувано не ја активираше клазулата за откуп на неговиот договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри јасно стави до знаење дека не му е потрербен во неговиот тим, па во изминатиот период италијанскиот клуб му бараше нова дестинација. Според последните информации потрагата е завршена.
Нов клуб на Артур ќе биде Фиорентина која ќе го доведе на позајмица за која ќе плати два милиони евра, а ќе има и опција за откуп на договорот за 20 милиони евра. Во текот на утрешниот ден Артур би требало да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.