Дома Останати Готово: Ѓоковиќ доби дозвола да игра во Мелбурн

Готово: Ѓоковиќ доби дозвола да игра во Мелбурн

Австралиската влада ќе му дозволи на Новак Ѓоковиќ да настапи на следното издание на Австралија опен и покрја тоа што не е вакциниран.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Хералд Сан“ ексклузивно пренесува дека Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен кој ќе се одржи во јануари 2023 година.

Српскиот тенисер одби да прими две дози на вакцина против Ковид 19 и поради тоа беше депортиран од Австралија после десетдневна драма, по што стана јасно дека нема да може да ја брани титулата во Мелбурн. Наредните неколку месеци, протоколите во Европа попуштија и Новак доби дозвола да игра на Ролан Гарос и Вимблдон, па сезоната ќе ја заврши само со освоената титула во Лондон.

Поради истата причина како и во Австралија, Новак не доби дозвола да игра и на УС Опен, но за разлика од стартот на година, сега воопшто не отпатува за Америка и уште пред ждребот беше јасно дека е надвор од турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Го победи Ѓоковиќ откако губеше со 0-2 на Ролан Гарос, а сега даде срамен коментар за него

Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека се пласираше во третото коло на АТП Мастерсот во Монтреал…