Милан полека, но сигурно создава сериозен тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот гигант вечерва потврди дека Хакан Чалханоглу во текот на утрешниот ден ќе пристигне на лекарски прегледи.
Во претходните денови Баерн и Милан водеа завршни преговори, а вечерва падна договорот. Милан за услугите на Чалханоглу ќе плати 20 милиони евра плус дополнителни четири преку одредени бонуси.
Одличниот играч од средината на теренот ќе допатува утре, а во понеделник ќе биде претставен како шесто засилување.
Да потсетиме, Милан веќе доведе пет одлични засилување: Матео Мусакио, Рикардо Родригез, Френк Кеси, Андреа Силва и Фабио Борини.