Дома Топ вести Готово: Реал го договори трансферот на Чуамени

Готово: Реал го договори трансферот на Чуамени

Француските и шпанските медиуми едногласно тврдат дека Реал Мадрид и Монако постигнале договор со трансфер на Орелиан Чуамени.

Откако ја загубија битката за Мбапе, „кралевите“ се насочија кон друг Французин и сакаат што побрзо да го договорат трансферот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


22-годишниот играч за врска во последната сезона запиша 35 натпревари и 3 гола во Лига 1, а веќе има 8 настапи за француската репрезентација.

Чуамени веќе ги договори личните услови со Реал Мадрид, а последните информации се дека Монако ја прифатил понудата од 80 милиони евра.

Трансферот ќе се реализира следните денови, кога Чуамени ќе пристигне во Мадрид на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…