Дома Трансфер зона Готово: Познат следниот клуб на Ибрахимовиќ

Готово: Познат следниот клуб на Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти Манчестер Јунајтед во наредните две недели, пренесува „ЕСПН“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ минатото лето стана слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, но потоа се одлучи да ја продолжи соработката со клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, Ибрахимовиќ не е повеќе истотиот фудбалер откако се врати после повредата на коленото, а за Манчестер Јунајтед нема настап дури од декември.

Златан има договор уште четири месеци со „црвените ѓаволи“, но споменатиот извор наведува дека напаѓачот најверојатно предвреме ќе го раскина договорот и кариерата ќе ја продолжи во ЛА Галакси во МЛС лигата.

Галакси ќе биде вкупно 9-от клуб во неговата богата кариера, а претходно играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…