Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Милан ја добил битката за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан ја победил конкуренцијата и постигнал комплетен договор со Холанѓанецот.
„Росонерите“ веќе ја информирале Болоња дека ќе ја платат откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Во моментов Милан ги договара последните детали со агентите на Зиркзе.
🚨🔴⚫️ AC Milan informed Bologna that they are planning to trigger €40m release clause for Joshua Zirzkee.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 6, 2024
Talks now ongoing between AC Milan and Zirkzee’s camp to agree on personal terms, crucial point.
Zirzkee, happy to stay in Italy and super keen on AC Milan project. pic.twitter.com/5oaJTPfVnc