Дома Трансфер зона Готово: Зидан го договори првиот голем трансфер!

Готово: Зидан го договори првиот голем трансфер!

„Сапуницата“ околу иднината на плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио се ближи кон крајот бидејќи француските медиуми тврдат дека е познат неговиот нов клуб.

Според наводите на француските медиуми 23-годишниот играч од лето ќе стане нов играч на Реал Мадрид. „Канал+“ пренесува дека двете страни постигнале договор и наскоро се очекува официјализација на истиот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Рабио не е во добри односи со тренерот на француската екипа, Томас Тухел и веќе неколку месеци е надвор од тимот откако одби да го продолжи договорот.

Иако не игра за ПСЖ веќе неколку месеци, интересот за неговите услуги е огромен, а на крајот во конкуренција на Арсенал, Барселона, Манчестер Јунајтед и Реал, младиот Французин ги избра „кралевите“.

Финансиските детали од договорот се уште не се познати, но јасно е дека Рабио ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ како слободен агент бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната.

Рабио беше на чекор до трансфер во Барселона, но зделката пропадна во последен момент бидејќи неговата мајка и агент, Вероник побара висока плата и преголема провизија, која Каталонците не сакаа да ја платат.

Последниот натпревар во дресот на францускиот шампион Рабио го одигра во декември, а оваа сезона настапи на вкупно 14 натпревари.

Потврда за трансферот на Рабио од ПСЖ во Реал Мадрид би требало да се случи во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…