Италијанските медиуми пренесуваат дека босанскиот напаѓач Един Џеко ќе ја продолжи кариерата во Интер.
За трансферот на Џеко на „Џузепе Меаца“ се шпекулира веќе подолго време, а денес „Скај Италија“ потврди дека двете страни постигнале комплетен договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џеко со Рома има договор на уште една годна, но клубот не сака да му понуди нов договор, па беше јасно дека Џеко ќе побара промена на средината.
Босанецот доаѓа во Интер во желба на тренерот Антонио Конте кој игра со два напаѓачи, па Џеко ќе му биде потребен за ритација.
Сезонава 33-годишниот напаѓач постигна 14 голови и 11 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања.
Деталите од трансферот не се откриени, но италијанските медуми пишуваат дека двата клуба се договориле и сега се чека само официјална потврда.
Edin Džeko is set to leave Roma having agreed terms to join Inter Milan. pic.twitter.com/8VduDV6A6K
— Transfer News (@TransfersLlVE) May 26, 2019