Завршен е третиот најскап трансфер оваа зима! После Вирџил ван Дијк и Диего Коста, скапоцено засилување добива и еден кинески клуб!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, ѕвездата на Виљареал Сердик Бакамбу го комплетираше трансферот во Кина во тимот на Пекинг Гуан.
Тренерот на Виљареал потврди дека трансферот е во завршна фаза и дека „жолтата подморница“ бара замена.
„Трансферот на Бакамбу е во завршна фаза, само е прашање на часови кога ќе биде готово. Мораме да почнеме да бараме замена на пазарот“, изјави тренерот на Виљареал.
Бакамбу во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра, а кинескиот клуб нема проблем да ја плати.