Видео технологијата од следната сезона ќе се користи и во првенството на Шпанија.
„Нашата намера е селдната сезона тоа да го претставиме. Технологијата доаѓа во фудбалот и тоа морате да го прифатите“, изјави првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Хуан Луис Лареа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според зборовите на Лареа, ВАР ќе биде тестиран на 70 натпревари во Шпанија пред системот да биде пуштен во помош на судиите и формално да биде воведен во употреба.
Доцнењето со воведувањето на сисемот траеше нешто подолго поради споровите и лошите односи помеѓу челниците на Фудбалскиот сојуз на Шпанија и Ла Лига.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека системот е прескап.
Примера оваа сезона не користи никаква помош од технологијата, за разлика од првенствата во Германија, Англија, Франција и Италија, кои веќе не се потпираат само на знаењето на судиите.