Дома Топ вести Готово: Барселона и Челзи се договорија за Обамејанг!

Готово: Барселона и Челзи се договорија за Обамејанг!

Пјер-Емерик Обамејанг после шест месеци се враќа во Премиер лигата и тоа повторно во Лондон – Бара и Челзи постигнаа договор!

Најдоверливот каталонски извор „Релево“ ги објави сите детали од трансферот. Челзи ќе плати 22+5 милиони евра за Обамејанг и Барселона не можеше да одбие ваква понуда за играч кој во зимскиот преоден рок го доби бесплатно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Обамејанг во Барселона играше одлично и постигна 13 голови на 22 натпревари, но летово пристигна Роберт Левандовски и јасно беше дека за двајцата нема да има место. Посебно што Барселона се уште се бори со финансиската криза.

Исто така за Обамејанг ова е добра прилика повторно да соработува со Томас Тухел, на двајцата одлично им одеше во Борусија Дортмунд. Исто така Габонецот ќе добие и поголема плата од онаа што ја има сега во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл во Лисабон: Спортинг е шампион на Португалија! 🎥

Бенфика вчера беше поразена на гости кај Фамиликао во португалското првенство, а тоа значе…