Чави Ернандез денеска и официјално потпиша меѓусебен раскин на соработката со Барселона, која уште пред неколку дена го потврди неговото заминување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонските медиуми открија дека Чави одлучил да се откаже од платата во последната година од договорот, со што клубот заштедил меѓу 11 и 12 милиони евра.
Но, единствениот услов му бил остатокот од стручниот штаб да биде платен до крајот на договорот, односно до летото 2025 година, колку што е вкупната сума за сите – околу три милиони евра.
Покрај тоа, Чави одби да има проштална конференција и каква било церемонија, сакаше да си замине тивко и без преголема бура и одговарање на бројни прашања.
На последната конференција пред мечот со Севиља веќе се знаеше дека си заминува, а потоа џентлменски се прости од сите припадници на „седмата сила“, додека истото го направи и со играчите на последниот тренинг.
Чави си замина како господин, по две и пол години, а од тој ноември 2021 година ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија.